Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тардели: Ливерпул е арогантен, Интер може да ги изненади

Објавено

на

Нокаут фазата во Лигата на шампиони секогаш е интересна и возбудлива, а еден од дуелите кој ќе ја одбележи осминафиналната рунда е оној меѓу Ливерпул и Интер.

Ливерпул се справи со Милан во групната фаза и со еден сличен рецепт ќе се обиде да го реши и актуелниот италијански шампион и моментален лидер во Серија А. Сепак „нероаѕурите“ не се наивен ривал, имаат изградено шампионски дух, а тоа според Марко Тардели може да биде искористено за успех во овој двомеч.

-Слушам некои велат дека не можеш да играш против Ливерпул, но јас не мислам така. Особено кога зборуваме за овој тим на Интер. Најважно е Интер да ја задржи истата „глад“ и желба за фудбал што ја има сега. Потребен им е поинаков интензитет за да играат со Ливерпул, но и подобра комуникација со судиите.

-За прекршоците кои Ливерпул ги направи против Тотенхем би добил десет натпревари казна во Италија. Освен тоа мислам дека Ливерпул е арогантен поради начинот на кој игра, но и поради заштитата што ја ужива кај судиите. Симоне Инѕаги врши одлична работа во Интер – тимот и понатаму е најдобар во Серија А, а останаа без Лукаку, Ериксен, Хакими и тренерот Конте, -вели Тардели кој во минатото играше за Интер, но и за Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни