Поврзете се со нас

Боречки спортови

Тајсон има разорна моќ во рацете и на 57 години (Видео)

Објавено

на

Мајк Тајсон мина низ многу фази во својот живот и доста време беше физички неактивен, но последните неколку години напорно тренира и покрај тоа што е далеку од професионалните денови.

„Челичниот Мајк“ тренира со добро познатиот тренер Рафаел Кордеиро и двајцата режираа импресивни спаринзи во рингот, каде Бразилецот има за задача да му држи фокусери на Тајсон.

Легендарниот Американец има полни 57 години и во јуни ќе наполни 58, но од тоа што може да се види на најновото видео кое беше објавено, тој се уште има разорна моќ во рацете.

Тајсон беше ноќна мора за своите ривали со силата на ударот во левата и десната рака, а Кордеиро со објавата на социјалните мрежи долови дека Мајк е импресивен и на залезот на шестата деценија.

Покрај моќните удари, во преден план е и фасцинантното движење на Американецот за негова возраст.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни