Поврзете се со нас

Франција

Светскиот шампион распали: Ми здодеа од Мбапе и неговото его

Објавено

на

Килијан Мбапе денеска се јави со бурно соопштение преку социјалните мрежи и изрази незадоволството за видео-материјалот кој го проследи ПСЖ, а кој всушност не бил одобрен од негова страна.

Францускиот шампион го искористи ликот на Мбапе и една негова изјава за да направи промотивен материјал за обновување на сезонските билети за наредната година, но од сето ова изби скандал поради жестокото обраќање кое го имаше главната ѕвезда.

– Само што учествував во гледањето на кампањата за обновување на билети за сезоната 2023-2024. Во ниту еден момент не бев информиран за содржината на интервјуто со мојот соговорник.

– Изгледаше како основно, секојдневно интервју за „маркетинг“ тема. Не се согласувам со видеото што е објавено. Затоа се борам за индивидуалните имиџ права. ПСЖ е голем клуб и големо семејство, но тоа не е Килијан Сен Жермен. Со почит, Килијан Мбапе, – порача Французинот.

Ваквиот негов став очекувано предизвика многу реакции во Франција, но осуди пристигнаа и на негова адреса, особено од поранешниот светски шампион на Франција, Кристоф Дугари.

– Не ја ни разбирам порака на Килијан. Нека престане со тоа, нека престане и со неговото его. Ми здодеа од него и неговото его. Губат натпревари еден по друг, нека се насочи на случувањата на теренот, нека покаже колку вреди. Имаат луди плати, нема потреба да прави скандал поради тоа што не одобрил една реклама. На кој му е важно тоа?, – прашува Дугари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни