Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Судијата Овребо за контроверзите во Лондон: Не бев испратен да и помогнам на Барселона

Објавено

на

Денешиот ден во историјата на Лигата на шампионите секогаш ќе биде поврзуван и со контроверзниот натпревар меѓу Челси и Барселона од 2009 година, по кој гостите обезбедија финале, а подоцна и го освоија натпреварувањето.

Фудбалерите и фановите на Челси го обвинија судијата Том Хенинг Овребо поради неколку недосудени пенали, а Норвежанецот тврди дека немал про-Барселона агенда и на одлуките му влијаеле и постојаните дофрлувања на фудбалерите на премиерлигашот.

– Ќе беше многу подобро ако Барселона не дадеше гол. Челси ќе се пласираше во финалето, а навивачите брзо ќе заборавеа на грешките бидејќи ќе немаа влијание на исходот.

– Од оваа перспектива, не беа ситуации за пенал, но сите го следат фудбалот знаат дека мораше да има барем еден за Челси. Во ерата пред ВАР често не успевавме да видиме важна ситуација.

– Сигурно не бев таму за да и помогнам на Барселона, па му доделив црвен картон на Абидал во 66. минута. Челси имаше позитивен резултат во завршницата, но признавам дека негативно ми влијаеја постојаните протести и дофрлувања на домашните фудбалери. Кога толку често од вас бараат да досудите пенал, не сакате некој да ве надитри, – изјавил Овребо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни