Шпанија
Суарез се избори за сомнителен пенал, па со мајсторска реализација му донесе нови три бода на Атлетико (Видео)

Натрепварот меѓу Еибар и Атлетико Мадрид ќе остане запаметен по тоа што Дмитровиќ стана седмиот голман во историјата кој постигнал гол од пенал во Ла Лига, но и по тоа што Луис Суарез уште еднаш се покажа како играч кој прави огромна разлика на теренот, без оглед на тоа кој дрес го носи на себе.
Популарниот „Ел Пистолеро“ беше клучен фактор за многу победи на Барселона во изминатите години, а сега таквиот статус го префрли и во Атлетико Мадрид, тим кој вечерва остана на посакуван колосек во битката за шампионската титула само поради искуството на Уругваецот.
Еибар поведе со голот на Дмитровиќ од белата точка, но пред крајот на првиот дел, Суарез израмни на 1:1 и најави дека Атлетико нема толку лесно да се откаже од бодовите на незгодното гостување на теренот кој има најмали димензии во Шпанија.
Во вториот дел, двата тима ги пропуштија своите најдобри шанси, а кога изгледаше дека натпреварот ќе заврши 1:1, на сцена одново стапи Суарез. Напаѓачот на Атлетико се избори за еден сомнителен пенал во ситуација кога не се гледа најчисто дали доби удар, но него тоа не му сметаше да биде сигурен реализатор и со мајсторска „паненка“ да погоди за 2:1.
Неговиот гол во 89-та минута е уште еден доказ дека Чоло Симеоне во Суарез доби напаѓач кој прави огромна разлика за Атлетико, кој на овој начин одново победи и со натпревар помалку има дури седум бодови предност пред Реал Мадрид.

- Италијапред 24 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 21 час
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 20 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 19 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Италијапред 22 часа
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Светпред 19 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)
- Светпред 24 часа
Бекам: Сакам да ги донесеме Меси и Роналдо во Мајами
- Англијапред 20 часа
Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал