Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез и Васкез се „зајадоа“: Навистина се жалиш по она како лани ја освоивте титулата? (ВИДЕО)

Објавено

на

Градската пресметка меѓу Атлетико и Реал Мадрид заврши без победник (1-1), резултат од кој најмногу профитираше Барселона која се врати во трката за титулата во Шпанија.

Ваквите битки секогаш носат и тензични моменти, препирки, а една така имаше во завршницата на првиот дел, ситуација во која се најдоа Луис Суарез и Лукас Васкез. Во казнениот простор на Атлетико имаше спорен момент, па токму беше причината да се разгори ситуацијата на теренот и меѓу играчите.

-Навистина се жалиш по она како лани ја освоивте титулата, -истакна Суарез на што доби одговор од Вазкез.

-Без тоа не можеш да победиш. Или ќе загубиме или вие нема да победите, -рече членот на Реал по што се надоврза Ермосо.

-Ве изедовме, изедовме, -порача стоперот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни