Поврзете се со нас

Формула 1

Строл ќе ја пропушти Ф1 трката во Сингапур

Објавено

на

Астон Мартин утринава потврди дека Ленс Строл нема да биде дел од денешната Формула 1 трка за Големата награда на Сингапур.

Канадскиот пилот вчера доживеа сериозен инцидент за време на квалификациите, па лекарскиот тим и менаџментот одлучиле дека не е подготвен за денешниот предизвик.

Болидот на Астон Мартин беше сериозно оштетен, додека Строл без поголеми проблеми го заврши настапот во квалификациите, кој сепак ќе го оддалечи од трката и можноста да се бори за нови поени.

Тимот објасни дека Строл чувствува одредени последици од ударот и затоа ќе се фокусира да биде во перфектна состојба за следната трка во Јапонија.

Денешната трка започнува во 14 часот, а пол-позицијата му припаѓа на Карлос Саинц од Ферари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни