Поврзете се со нас

АБА лига

Стигна и официјална потврда од Копер: Пронајдовме спонзори, Приморска ќе игра во АБА лигата

Објавено

на

Тоа што беше најавено официјално сега беше потврдено и од тимот на Копер Приморска кој преку соопштение порача дека клубот нема да пропадне, односно се најдени инвеститори, партнери кои ќе му помогнат на тимот нормално да се натпреварува во домашниот шампионат, Купот на Словенија и АБА лигата.

Со ова дефинитивно згаснаа надежите на МЗТ Скопје дека во наредната сезона ќе може да игра во елитното регионално натпреварување, поточно и во следната кампања ќе мора да се задоволи со настап во АБА2 лигата.

МЗТ Скопје бара итен прием во АБА, ама Приморска успеала да најде нов спонзор

„Металците“ беа прва замена во случај да Приморска пропадне го откаже својот настап, учество во АБА лигата. Долго време словенечкиот прволигаш беше пред банкрот, не можеа да се најдат спонзори, па МЗТ доби побара и итен состанок на АБА да се разгледа ситуацијата и да не донесе одлука за тоа македонскиот прволигаш да го заземе местото на Приморска.

Сепак со последните вести останува тимот од Аеродром со добра игра, резултати се избори за тоа што го посакува.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни