Поврзете се со нас

Франција

Среќен крај на обидот за самоубиство: Фудбалерот на Ница отстранет од опасноста (Фото)

Објавено

на

Foto:ogcnice.com

Алексис Бека Бека ја крена на нозе цела спортска јавност во Франција, откако рано утрово неговите суицидни мисли направија да режира вистинска филмска драма на еден автопат во Ница.

Фудбалерот на истоимениот клуб го сопрел своето возило и се заканил дека ќе се фрли од мост кој е висок стотина метри, па по пријавата на случајот, на лице место се упатиле голем број француски служби како полиција, војска и противпожарна единица.

После три иполчасовна драма, фудбалерот на Ница бил отстранет од опасната зона на мостот од страна на пожарникарите, а по препорака на психолог, веднаш бил испратен во најблиската болница.

Полицијата од Ница излезе со соопштение дека првотимецот на Ница е на безбедно и неговиот живот веќе не е доведен во прашање, откако долгите преговори на крајот вродиле со плод.

„Радио Монте Карло“ ексклузивно пренесува дека Бека Бека бил безбедно внесен во амбулантно возило, па сега претпоставките се дека ќе биде долго под опсервација и ќе се бараат причините за самоубиствените мисли кои предизвикаа голем потрес во француската спортска јавност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни