Поврзете се со нас

Шпанија

Спремен е да игра без пари до крајот на сезоната само за да се пресели во Барселона

Објавено

на

Финансиската состојба во Барселона е далеку од идеална, но повеќе од јасно е дека без одредени вложувања, засилувања тимот од „Камп Ноу“ тешко дека ќе може да освојува титули како во оваа така и во наредните сезони.

Секако сега актуелна е натпреварувачката 2020/2021 во која Барса се уште е жива за сите трофеи, па секое ново име, освежување би било повеќе од добредојдено. Еден од играчите кој подолго време се споменува е Ерик Гарсија кој е во последните месеци месеци од договорот со Манчестер Сити, па се чини дека е само прашање на време кога тој ќе се врати во Барселона.

Наводно тој нема никакви дилеми и неговиот избор е кам-бек во клубот во кој се разви како играч со тоа што желба е во овој преоден рок да направи трансфер и се врати дома. Еден од тројцата кандидати за претседател на Барса, Виктор Фонт обелодени дека Гарсија е дури подготвен да игра за џабе, бесплатно до крајот на оваа кампања со тоа што клубот ќе мора да му плати трансфер обештетување на премиерлигашот во вредност од 3 милиони евра.

-Бараме од привремената управа да го донесе Ерик Гарсија. Куман го побара, нашата спортска структура го поддржува и играчот сака да дојде затоа што ова лето има ЕП. Тој [би бил] фундаментален во борбата за три трофеи оваа сезона. Знаеме дека Сити ќе прифати 3 милиони евра плус додатоци и нема да мора да плаќаме до следната сезона – тоа е многу помалку отколку што Барса понуди пред четири месеци.

-Играчот е исто така подготвен да вложи големи напори и да не зема плата до крајот на сезоната, -обелодени Фонт.

Останува да видиме дали привремената управа заедно со кандидатите за претседател ќе најдат заеднички јазик и ќе повлечат потег за ангажман на 20-годишниот централен дефанзивец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни