Поврзете се со нас

Англија

Спортинг ќе профитира дополнително ако Бруно биде избран за фудбалер на сезоната

Објавено

на

Бруно Фернандеш се покажа како големо засилување за Манчестер Јунајтед, но премиерлигашот ќе мора да исплати дополнителни средства поради формата и бројките кои ги постигнува Португалецот.

Иако Јунајтед во моментов е на второт место на премиерлигашката табела, Бруно Фернандеш важи за фаворит за освојување на признанието за фудбалер на сезоната, а тоа значи дополнителен бонус за неговиот претходен клуб Спортинг Лисабон.

Како што пренесува „Тајмс“, доколку Португалецот го добие признанието од Асоцијацијата на професионални фудбалери, „црвените ѓаволи“ ќе треба да му исплатат на Спортинг дополнителни 5 милиони евра.

Тоа е еден од однапред договорените бонуси при реализацијата на трансферот, а за Спортинг би бил одличен приход поради ефектот на поранешниот фудбалер.

Фернандеш сезонава постигна 15 голови и има 10 асистенции, па букмејкерите го поставуваат како прв фаворит за освојување на признанието.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни