Поврзете се со нас

АТП

Спектакуларниот поен со кој Ѓоковиќ го откажа Алкарас во Торино (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Шестиот гејм во вториот сет беше убедливо најатрактивен во петтата пресметка меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас, но откако Србинот одбрани две брејк топки и го освои својот гејм, потоа го зададе и клучниот удар во следниот сервис гејм на Шпанецот.

Светскиот рекет број еден потврди дека е во подобра форма од Алкарас и го надигра со 6:3 и 6:2 на завршниот Мастерс во Торино, а посебно атрактивна беше завршницата на нивниот дуел.

Карлос остави се што имаше на теренот откако претходно не најде решение за играта на Ноле, па иако на моменти го пробиваше Србинот, сепак клучните моменти му припаднаа на поискусниот тенисер.

Ѓоковиќ најпрво освои брилијантен поен за да одбрани својот сервис и да не дозволи брејк, а потоа при 4:2 демонстрираше страшна одбрана и буквално го откажа Алкарас.

Шпанецот ги искористи сите свои оружја за да го надмудри Србинот, но Ноле беше перфектен во овој период од мечот и се погрижи за нов брејк со поен кој ги стана на нозе сите присутни на трибините, а воедно и го разочара Алкарас кој во немоќ го фрли рекетот кон својата клупа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни