Поврзете се со нас

Одбојка

„Спартанците“ извојуваа голема победа: Македонија направи пресврт за најдобар старт на ЕП во Скопје!

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација оствари голема победа на премиерата на 33-то Европско првенство, кое за првпат во историјата се игра и во нашата престолнина.

Македонија како еден од кодомаќините вечерва ја пречека селекцијата на Данска, па иако „спартанците“ влегоа со грч во мечот, на крајот направија пресврт и извојуваа голема победа над скандинавскиот противник.

Данска го доби првиот сет со 25:22 и сериозно ја предизвика нашата најсилна репрезентација, но тимот предводен од капитенот Ѓорѓиев и Љафтов дефинитивно имаше одговор во продолжение.

Македонија одговори со иста мера во вториот сет и славеше со 25:22, а потоа со поддршката на неколкуилјадната публика работите станаа уште полесни за нашите одбојкари.

„Спартанците“ издоминираа во третиот сет и постојано имаа убедлива позитива, па така во овој дел од мечот славеа со 25:19. Македонија не остави ништо на случајноста и го затвори мечот во четвртиот сет, и така со 25:22 стигна до своја трета победа на Европските првенства.

Во второто коло Македонија одново ја чека ривал „по мерка“, бидејќи во сабота нашите „спартанци“ ќе ги одмерат силите со селекцијата на Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни