Поврзете се со нас

Италија

Спалети го испофали Македонецот: Кога сте во неволја, тука е Елмас

Објавено

на

Лучијано Спалети и Наполи вечерва се израдуваа на освојувањето на второто место во групата во Лига Европа и продолжување на настапите во вториот по квалитет европски куп.

Елиф Елмас постигна два гола во победата од 3:2, а неговиот тренер го испофалил по средбата на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

– Тој пред се е прекрасно момче, а како фудбалер може да се адаптира на било која позиција.

– Кога сте во неволја, го ставате во игра и од него добивате позитивен ефект.

– Елмас сезонава одигра 29 натпревари, можам да го ставам каде било на теренот и секогаш ќе ви го донесе она што ви е потребно во играта, – изјавил Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни