Поврзете се со нас

Англија

Солскјер им одговори на англиските аналитичари за лошиот пресинг на Роналдо

Објавено

на

Англиските аналитичари излегоа со свои студии и статистики кои велат дека лошиот пресинг на Кристијано Роналдо не се вклопува во системот кој го негува Оле Гунар Солскјер, менаџерот на Манчестер Јунајтед кој се најде под дополнителен притисок во изминатите неколку дена поради поразот од Лестер.

Анализите посебно се темелеа на гостувањето на „Кинг Пауер“ каде владешее безредие во комплетниот тим на Јунајтед, но како најголема ѕвезда, Роналдо беше посочен како играч кој најмалку трча и кој најмалку се обидува да изврши притисок врз противничката одбрана.

Солскјер застана во одбрана на искусниот Португалец по ваквите напади и го издвои и напредокот на неговиот тим кој постојано се критикува, набројувајќи го и скокот кој го забележал Јунајтед под негово водство.

– Ние бележиме прогрес во овие три години. Завршивме шести во првата полусезона, потоа трети и последно втори. Постои прогрес и сега купивме играчи кои ги зголемија очекувањата. Ние сме во ист кош со најсилните тимови. Притисокот е врз мене, но јас сум го поминал ова и како играч.

– Пресингот на Роналдо? Имаме 11 играчи на теренот, имаме различни улоги и одговорности и планираме да го добиеме секој меч како тим. Не го направивме тоа против Лестер и секогаш ќе постојат критики. Не може да се гледа поединечно. Роналдо е топ класа, знаеме што може да ни донесе и тој го дава максимумот за да му помогне на тимот во секој сегмент, – порача Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни