Поврзете се со нас

Англија

Сколс со предлог до неговиот поранешен клуб: Тој е тип на дефанзивец кој му е потребен на Јунајтед

Објавено

на

Некогашниот англиски репрезентативец, Пол Сколс има еден трансфер предлог за неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

Многумина сметаа дека „црвените ѓаволи“ треба да донесат нов квалитетен стопер, а според Сколс такво решение е членот на РБ Лапциг, Дајо Умамекано.

-Тој е тип на дефанзивец кој мислам дека му е потребен на Јунајтед, тој е многу поразличен од Мегваер и Линделоф. Сака да игра еден на еден, затоа што знае дека може да ги победи. Тоа е истото што го правеше Рио (Фердинанд), тоа што го правеше Стам.

-Го ослободува остатокот од екипата кој се грижи само за напаѓачката игра затоа што знаете дека имате стопер кој ќе ве одрани и тоа ќе го прави цел ден, -порача Сколс.

Вечерва тимот на Упамекано беше декласиран од Јунајтед со 5-0, а Французинот ги одигра сите 90 минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни