Поврзете се со нас

Англија

Сити го доби дербито со Челси, Бруно промаши пенал за потврда на поразот на Јунајтед (Видео)

Објавено

на

Манчестер Сити конечно успеа да го победи Челси и тоа како гостин во денешното премиерлигашко дерби, кое заврши со резултат 0:1.

Стрелец на единствениот гол на „Стемфорд Бриџ“ беше Габриел Жезус во 53. минута, а Сити заслужено ги освои трите бода, бидејќи актуелниот англиски првак имаше и други шанси со кои порано можеше да го реши победникот.

Манчестер Сити и Челси сега се израмнети на табелата, со по 13 освоени бодови.

Манчестер Јунајтед доживеа неочекуван пораз на домашен терен од Астон Вила (0:1).
Кортни Хаус ги доведе гостите во водство во 88. минута, за во судиското надополнување Бруно Фернандеш да не реализира пенал за Јунајтед.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни