Поврзете се со нас

НБА

Силвер им испрати јасна порака на НБА ѕвездите кои не планираат да се вратат на терените

Објавено

на

Планот на НБА лигата е натпреварувањето да продолжи на 30-ти јули со играње на сите натпревари во Орландо, но иако станува збор за скратен распоред во кој ќе изостануваат неколку тимови, има играчи кои сериозно се противат да се вратат на терените.

Причина за тоа не е пандемијата поради коронавирусот, туку сериозната расистичка нетрпеливост која се јави во Соединетите Американски држави по полициската бруталност во која почина еден Афроамериканец.

Кајри Ирвинг и Двајт Хауард беа најгласни во своите изјави и лобираат за бојкот меѓу колегите, но сепак поголем дел од нив се за враќање на терените и најверојатно лигата ќе продолжи според новиот план.

Во поглед на играчите кои не сакаат да се вратат на терените, комесарот Адам Силвер им остави простор самите да изберат, потенцирајќи дека нема да бидат казнети доколку не се појават во продолжението.

– Едиствено можам да кажам дека тоа не е за секого. Ќе биде потребна голема жртва на сите кошаркари и сите други лица кои ќе бидат вклучени во играта. Се обидуваме да пронајдеме своја нормалност во сред пандемија, протести и рецесија со 40 милиони невработени. Поради сето тоа можам да сфатам што некои кошаркари не сакаат да играат.

– Се надевам дека некако ќе успееме да го минеме овој период. Што и да се одлучи, договорот со асоцијацијата на кошаркари е таков што оној кој не сака да ја продолжи сезоната, нема да го прекрши договорот, – изјави Силвер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни