Македонија
Силекс ја шокираше Шкендија во пенал рулетот, „пандевци“ го елиминираа Шкупи

Натпреварот меѓу Силекс и Шкендија во Кратово го оправда епитетот на дерби и највозбудлив во четвртфиналето на македонскиот Куп, бидејќи откако победникот не можеше да биде решен во регуларниот дел, решаваше пенал рулетот.
Во еден крајно тврд дуел во кој Шкендија на крајот може повеќе да жали што не постигна гол во второто полувреме, на крајот повеќе среќа, но и повеќе нерви имаа домаќините од Кратово кои ги искористија пандемските нови услови според кои веднаш се оди на изведување пенали.
Силекс имаше четири прецизни реализатори, а во неуспехот од 4:2, трагичари за Шкендија беа Тотре и Ибраими кои не ги реализираа своите пенали.
Покрај Шкендија, во полуфиналето нема да гледаме уште еден изразит фаворит, тимот на Шкупи кој ова попладне беше елиминиран во четвртфиналето од Академија Пандев.
Струмичани имаат многу проблеми на стартот на новата сезона во Првата македонската фудаблска лига, но денеска истите ги оставија зад себе и по победата над Пелистер, сега славеа голем триумф и над Шкупи од 2:1.
На останатите две четвртинални пресметки, Струга Трим и Лум ја победи Ренова со 1:0, додека Македонија Ѓорче Петров ја потврди одличната форма и ја декласираше Беласица со 1:4.
-
Лига на нации12 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
Балкан23 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации24 часа
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Донарума делеше совети за своите соиграчи, Кимих и Мусиала го повторија „корнерот од Енфилд“ (Видео)