Македонија
Што значи прекинот на првенството во фудбал и што ќе следува?
Целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на новозаболени секојдневно се зголемува, беа доволна причина за УО на ФФМ да се произјасни позитивно предлогот на Комисијата за натпреварување.
Со вака прогласениот прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ и натпреварувањето во Купот на Македонија, воедно ФФМ одлучува за оваа сезона да не биде прогласен шампион поради „вишата сила“ која ги прекина и сите други спортски натпреварувања во државата.
Очекувано, ФК Вардар кој ја заврши полусезоната со фантастичен успех и направи дистанца од останатите со која се пофали на почетокот од кризата, ќе има за што да жали. Но, реалноста отсликана посебно во последните неколку денови, околу ситуацијата со позитивните тестови на вирусот Covid-19, каде што освен поразителните бројки на државно ниво, беа објавени и дузина позитивни наоди меѓу фудбалерите од ФК Ренова и ФК Шкендија, значи дека нема услови за доигрување.
Целиот тим на ФК Ренова мора да мине две седмици во изолација, а во вакви вонредни услови, земајќи го во предвид и ограничувањето на движење, клубовите не можат да го продолжат тренинг процесот пропишан во здравствениот протокол.
Според последните информации од ФФМ, процесот на лиценцирање е се уште во тек, а потоа ќе се одредат и екипите кои ќе играат во европските купови.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства17 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација20 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства6 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација18 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор