Поврзете се со нас

НБА

Шок за домаќините: Јокиќ погоди луда тројка за победа над Голден Стејт (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ го заокружи големиот пресврт на Денвер на гостувањето кај Голден Стејт со луда тројка за победа, по што означи почеток и на големото славје на членовите на актуелниот НБА шампион.

Вориорс имаа плус 18 на помалку од осум минути до крајот на средбата, но Јокиќ и компанија не само што не се откажаа, туку имаа сигурно продолжение и акција за победа на 3,6 секунди до крајот.

Српскиот центар ја презема одговорноста и со тројка од речиси пола терен и тешка ситуација и успеа да ги шокира домашните фанови, постигнувајќи ги конечните 127:130.

Јокиќ го заврши натпреварот со 34 поени, 10 асистенции и 9 скокови, а најголема поддршка имал од Гордон кој реализирал 30 поени. Стеф Кари со 30 поени бил најефикасен во редовите на домашниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни