Македонија
Шишкарев откри каков е ставот на Дибиров, Калараш и Горбок за новиот проект на Вардар

Михајло Михајловски најави дека ќе го преземе Вардар и дека за европскиот ракометен првак следат доста помирни и побезгрижни денови, но иако нагласи дека нема да има пари како во најдобрите времиња на газда Сергеј Самсоненко, искусниот ракометен работник посочи дека ќе се гради силен тим.
На оваа тема проговори и Данил Шишкарев кој сигурно нема да биде дел од реконструираниот тим на Вардар, бидејќи руското крило веќе си договори ангажман во Унгарија, односно се договори со Веспрем кој веќе го најави како големо засилување.
Руското крило сега проговори за актуелните прашања во Скопје во разговор за руски „Брз центар“, откривајќи дека Тимур Дибиров, Сергеј Горбок и Глеб Калараш.
– Познато е дека јас не останувам во Вардар и веќе не ме викаат на клупските состаноци со новото раководство. Не сакам да раскажувам зборови кои сум ги слушнал од друг, на овие теми може детално да разговарате со Дибиров, Калараш и Горбок. Тие имаат намера да останат во Вардар. Искрено, да знаев дека ситуацијата ќе се подобри, немаше да размислувам за заминување, но преговорите со Веспрем започнаа уште есента, – вели Шишкарев кој откри и дека добиле нотарска гаранција од Самсоненко за исплаќање на долговите.
– Што се однесува до исплатата и долговите, имате нотарски договор дека до крајот на 2020-та година ќе бидат подмирени. Тоа е крајниот рок, може да се случи и порано, – објаснува крилото.
-
Светпред 17 часа
Данецот се повлече од терените: Хансен ја прекина кариерата поради стрес!
-
Шпанијапред 22 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Францијапред 13 часа
Малиновски ја „искина“ мрежата на Донарума, ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)
-
НБАпред 23 часа
Момент за историја: Абдул-Џабар лично му честиташе на ЛеБрон за рекордот (Видео)
-
Светпред 15 часа
Реал го потврди статусот на фаворит и ќе се бори за пехарот на Светското клупско првенство (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 14 часа
Митревски блескаше и му ја донесе првата победа на Порто во ЛШ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Братот на Меси жестоко ја нападна Барселона: Никој не ги знаеше пред Меси, тие се предавници
-
Англијапред 14 часа
Санчо даде гол по пет месеци, Јунајтед немаше сили за целосен пресврт (ВИДЕО)