Поврзете се со нас

Англија

Ширер: Притисокот прави чудни работи во овој дел од сезоната

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/alanshearer

Алан Ширер во својата најнова колумна пишува за резултатите од последното коло во Премиер лигата, каде на табелата Манчестер Сити го презема водството по киксовите на Ливерпул и Арсенал.

Поранешниот напаѓач смета дека притисокот си го направил своето на „Енфилд“ и „Емирејтс“, но и ривалите на Ливерпул и Арсенал одиграле одлично и тоа посебно важи за Астон Вила.

– Како што видовме на двата стадиона, притисокот прави чудни работи во овој дел од сезоната, дури и кај најдобрите фудбалери и екипи.

– Никој не очекуваше дека и Ливерпул и Арсенал ќе загубат, но сум бил во ваква ситуација и вакви работи се случува во битката за титула. Ова посебно важи за натпреварите кои мора да ги добиете на домашен терен, ако не поведете рано, сите стануваат понервозни.

– На теренот фудбалерите можат да ги слушнат извиците на навивачите по секоја грешка и пропуштена шанса, нешто што не посветувале многу внимание до пред некоја недела. Колку подолго е актуелна оваа ситуација, толку полошо, бидејќи се повеќе можете да слушнете очајнички пораки и паниката станува поизразена.

– Резултатите од неделата покажуваат што може да направи притисокот и затоа пред неколку недели останав со прогнозата дека Манчестер Сити ќе ја освои титулата. Во ова трио, Сити има најголемо искуство за вакви сценарија и не само што знаат што ги очекува, туку и како да се извлечат од тоа, – вели Ширер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни