Поврзете се со нас

Свет

Серија А експерт тврди: Алиоски го договори трансферот и ќе заработи пет милиони евра (Фото)

Објавено

на

Езџан Алиоски доби улога на слободен агент откако реши да не го продолжи договорот со Лидс Јунајтед, па откако беше преселуван во неколку клубови во Турција, по се изгледа неговата трансфер енигма е пред самиот крај.

Вчера за првпат излезе информација дека репрезентативниот лев бек ќе ја напушти Европа и ќе се пресели во Саудиска Арабија, вест за која денеска со надополнување излезе италијанскиот трансфер експерт.

Руди Галети како специјалист за угледната „Газета“ и специјалист за случувањата на трансфер пазарот ова попладне пренесе дека популарниот Џани си подал рака со одговорните луѓе на Ал Ахли, по што официјалната зделка ќе биде соопштена во најскоро можно време.

Според изворите на Италијанецот, Алиоски ја прифатил оваа понуда поради тоа што добил двегодишен договор, а од истиот ќе заработи импресивни 5 милиони евра.

Во наскоро време, ќе чекаме потврда од Ал Ахли за ваквата ситуација, па ако тоа се случи, ќе значи дека Алиоски ќе му стане соиграч на поранешниот играч на Барселона и бразилски репрезентативец, Паулињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни