Поврзете се со нас

Италија

Сера откри каква порака добил од Ибра во подтрибинскиот простор откако му поништи чист гол на Милан

Објавено

на

Марко Сера е на почетокот на својата судиска кариера во Серија А, но уште на почетокот се соочува со сериозен притисок и беше суспендиран поради големата грешка која ја направи на мечот меѓу Милан и Специја минатиот месец.

Младиот 39-годишен арбитар не дозволи предност и поништи чист гол кој заврши во мрежата на Специја во судиското надополнување, па наместо 2:1, на крајот Милан прими гол и претрпе шокантен пораз од 1:2.

Неверојатна грешка на судијата: Сера заборави да испочитува предност и му одзема чист гол на Милан! (Видео)

Поради огромната грешка и поништениот гол на Месијас, Сера завршил со солзи и бил неутешен во подтрибинскиот простор, каде сепак добил поддршка од голем број играчи на Милан, од кои се издвојува и пораката на Златан Ибрахимовиќ која сега самостојно ја открива арбитарот.

– Многу го ценам тоа што го направија играчите на Милан, во тие моменти ме совладаа емоциите. Калабрија како капитен имаше зборови за утеха, Флоренци беше скршен како мене, а Тео и Диаз ме одминаа и ми порачаа да се соземам бидејќи сите прават грешки.

– Ибра исто така зборуваше со мене и целта на неговите зборови беше следна: Сега докажи дека си силен и реагирај! Сега сум подобро и со нетрпение чекам да се вратам на теренот и да делам правда во Серија А, – вели Сера за „Скај Спорт Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни