Италија
Неверојатна грешка на судијата: Сера заборави да испочитува предност и му одзема чист гол на Милан! (Видео)

Милан загуби драгоцени три бода во битката за титулата во Серија А, но повеќе од јасно е дека по крајот на натпреварот во прв план и главна тема на разговор ќе биде судијата Марко Сера.
Италијанскиот арбитар направи голема грешка на „Сан Сиро“ и имаше свој удел во шокантниот пораз на Милан од Специја, бидејќи пред гостите да го постигнат вториот гол длабоко во 96-та минута, судијата му поништи чист гол на домашниот тим.
Жуниор Месијас ја погоди мрежата на Специја во 92-та минута, но наместо да се радува, мораше да добива објаснување од судијата Сера кој една секунда претходно ја сопре играта и даде знак за прекин на акција.
Сера не почитуваше предност и не го испочитува непишаното фудбалско правило, па наместо играчите на Милан да слават гол за победа, добија само слободен удар за прекршок над Ребиќ. Сера веднаш им се извини на играчите на Милан и ја сфати грешката, но тоа не им помогна на фудбалерите кои добија уште поголем шок.
Во следниот напад, Ибра ја погоди гредата, но завршниот налет беше за Специја, а Гијаси погоди за 1:2 по една молскавична контра и дополнително го торпедираше разочараниот тренер Стефано Пиоли.
Претходно, Милан дојде во водство со голот на Леао во првиот дел, додека Агудело израмни на 1:1 во 64-та минута пред да ја гледаме завршната лудорија на „Сан Сиро“.
-
Англијапред 21 час
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 14 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Светпред 22 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Италијапред 14 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Германијапред 21 час
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
АТПпред 21 час
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 23 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)