Поврзете се со нас

Свет

Семејството Марадона бараше приватност, но не ја доби: Дронови го снимија закопот на Дон Диего (Видео)

Објавено

на

Фудбалска Аргентина ќе го памети 26-ти ноември како еден од најтажните и најцрните денови во историјата, не само од спортски аспект, бидејќи оваа јужноамериканска земја дишеше, тагуваше и плачеше како едно во изминатите 24 часа кои беа навистина болни.

Медиумите од Аргентина пренесуваат дека повеќе од еден милион фанови излегле на улиците во Буенос Аирес да му дадат последен поздрав на Диего Армандо Марадона, неповторливиот фудбалски „бесмртник“ кој го напушти овој свет, но ќе живее вечно во срцата на фудбалските фанатици.

Денот во аргентинската престолнина донесе и хаотични ситуации во моментите кога телото на Дон Диего беше во претседателската палата „Каса Росада“, сето тоа резултираше со немили сцени и пресметка меѓу фановите и полицијата, но сепак свеста успеа да проработи во еден исклучително тажен ден, па ситуацијата беше нормализирана и погребната церемонија можеше да продолжи.

Откако фановите се простија од Марадона во претседателската палата во која обредот се одолжи повеќе од 10 часа, телото беше пренесено на гробиштата „Бела Виста“, а иако беше предвидено, а воедно и побарано од семејството на Диего да се има максимална приватност и да не се снимаат најемотивните моменти, за жал тоа не беше испочитувано.

Медиумите пронајдоа начин да ги „уловат“ и најприватните моменти од погребот на Марадона, па со помош на дронови беше проследен и закопот на неповторливиот аргентински фудбалер кој сега и дефинитивно почива во мир, заедно со неговите мајка и татко кои починаа во 2011-та и 2015-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни