Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Селби испорача прв „147“ брејк во финалето во „Крусибл“ и изнуди овации од публиката (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/WeAreWST

Марк Селби реализираше уште еден историски момент на годинешното издание на Светското снукер првенство во Шефилд, испорачувајќи прв максимален брејк во историјата на финалето на престижниот турнир.

Англискиот маестро настапува во своето шесто финале, годинава против Белгиецот Лука Бресел, а предизвика голема еуфорија со историскиот подвиг.

Шеснаесеттиот фрејм од финалето во кое може да има најмногу 35 фрејмови ќе биде запишано со златни букви, поради расчистувањето на масата со максимални 147 поени од страна на Селби.

Селби во тие моменти намали на 9:7, а покрај честитките од Бресел и судијата, доби и навистина ретки овации од снукер фановите во „Крусибл“.

Бресел, кој првпат игра финале во „Крусибл“, претходно испиша историја правејќи го најголемиот пресврт на еден меч од овој турнир.

Снукер чудо во „Крусибл“: Белгиецот Бресел го направи најголемиот пресврт во историјата

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни