Билијард и Снукер
Снукер чудо во „Крусибл“: Белгиецот Бресел го направи најголемиот пресврт во историјата

Светското првенство во снукер важи за најелитен турнир во текот на секоја сезона и најпосакуван трофеј за најголемите ѕвезди кои добиваат можност да се натпреваруваат во „Крусибл“.
Рони О’Саливен годинава не успеа да го помине четвртфиналето и нема да го брани трофејот, а на тој пат го запре белгискиот снукер мајстор, Лука Бресел, кој успеа да се врати од негатива 10:6 и со седум фрејмови по ред стигна до победа од 13:10 против фаворитот.
Бресел направи уште поголем подвиг во полуфиналната серија против кинескиот ривал Си Џиахуи и тоа не со самата победа (17:15), туку со начинот на кој стигна до неа.
Вчера Бресел губеше со 14:5 во фрејмови и ретко кој го немаше отпишано од прв пласман во финалето на турнирот на Шефилд, но Белгиецот успеа да освои дури 11 фрејмови по ред и да дојде до предност од 16:14 во текот на денешниот ден.
Противникот успеа да намали, но не и да го сопре неверојатниот налет на Бресел, кој на крајот избори финале со најголемиот пресврт направен на најголемиот и најважниот снукер турнир во историјата.
Не помалку важно, Белгиецот е првиот финалист во историјата на Светското првенство во „Крусибл“ кој доаѓа од континентална Европа.
Ривал на Бресел во финалето во „Крусибл“ ќе му биде Марк Селби.
“I’ve done many great things in snooker, but this… unbelievable” ❤️
From 14-5 down to the Crucible final – Luca Brecel 👏#CazooWorldChampionship pic.twitter.com/jPGz5Jq6tO
— World Snooker Tour (@WeAreWST) April 29, 2023
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 12 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Германијапред 13 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 16 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Англијапред 11 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 9 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 16 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 7 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)