Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Селби четврти пат стана светски шампион во „Крусибл“ и се израмни со Џон Хигинс

Објавено

на

Марк Селби го победи Шон Марфи со 18:15 во големото финале на Светското првенство во снукер и стигна до својот четврти трофеј на престижниот турнир во „Крусибл“ арената.

Маестрото од Лестер имаше два фрејма негатива во првата сесија кога Марфи поведе со 6:4, но успеа да се врати во дуелот, за подоцна да води со 10:7, предност која се покажа како преголема за неговиот противник, посебно што пред последната сесија, Селби водеше со 14:11.

Марфи го загуби и третото финале во „Крусибл“, додека Селби со четвртата победа се израмни со Џон Хигинс, па сега следна цел ќе му бидат шесте титули, колку што имаат освоено Рони О’Саливен, Реј Рирдон и Стив Дејвис. Рекордер е Стивен Хендри со седум светски титули.

Победникот ќе заработи 500.000 фунти од овој турнир, а освоените поени значат и дека Селби ќе биде на второто место на ранкингот на професионални снукер играчи.

– Да го освојам овој турнир со победа над Рони О’Саливен беше остварување на еден сон, а да стигнам до четири титули е нешто што не можев ни да го сонувам, – изјавил Селби по финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни