Поврзете се со нас

Македонија

Седум членови на Академија ФМП се позитивни на коронавирусот

Објавено

на

Кошаркарскиот прволигаш Академија ФМП пред три дена ја информираше јавноста дека двајца играчи имале позитивни тестови на КОВИД-19 по што по препорака на институтот за јавно здравје целата екипа замина во карантин.

Aкадемија ФМП има двајца позитивни играчи на коронавирусот

Сега прволигашот од Кисела Вода ги соопшти информациите од новите тестови кои биле направени во текот на вчерашниот ден, а истите покажале дека има 7 позитивни случаи на вирусот КОВИД-19, од кои 6 од играчкиот кадар и 1 член на стручниот штаб.

Сите членови позитивни на вирусот се во добра и стабилна состојба, без поголеми нарушувања на своето здравје и истите со останатиот дел од екипата остануваат во самоизолација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни