Поврзете се со нас

Балкан

Седлоски пред сериозен тренерски ангажман: Стратегот меѓу имињата кои претендираат за нов тренер на Динамо Загреб

Објавено

на

blank

Динамо Загреб во текот на вчерашниот ден му врачи отказ на досегашниот тренер Игор Јовичевиќ кој не се снајде најдобро како замена за Ненад Бјелица кој имаше фантастични резултати со клубот.

Сега хрватските медиуми поставуваат прашање кој ќе биде нов тренер на „модрите“, а неизбежно беше да се спомене и името на нашиот Гоце Седлоски кој во моментов е тренер на Б тимот на Динамо Загреб.

„Гол.хр“ пренесува дека Гоце Седлоски заедно со Зоран Мамиќ и Жељко Копиќ се кандидатите за наследник на Јовичевиќ на клупата на „Максимир“.

Најголеми шанси засега има Зоран Мамиќ кој во моментов ја извршува функцијата спортски директор на клубот. Сепак, Мамиќ се уште размислувал дали да ја прифати понудата да стане тренер на клубот и тука доаѓа шансата на нашиот Седлоски.

Медиумите во Хрватска пренесоа дека доаѓањето на Седлоски како тренер на Б тимот на Динамо значело само почеток кон „мисијата“ на стратегот еден ден да стане тренер и на сениорскиот тим на клубот.

– Здравко Мамиќ долги години е заговорник за Гоце Седлоски кој секој пат се споменува во приказните за нов тренер на Динамо. Македонскиот стратег сериозно го загриза тренерскиот леб на клупата на Вардар кога го намачи Динамо во Европа, а потоа малку се изгуби. Следните две тренерски авантури, на клупите на Рига и Широки Брјег не беа толку успешни, па Седлоски многу брзо остана без работа.

– Јасно е дека станува збор за една од играчките легенди на Динамо, па и тренер на вториот тим на „модрите“. Но, со нив нема одработено ниту еден натпревар, а сега по доаѓањето во Хрватска се наоѓа во самоизолација. Во Динамо и тоа како сметаат на него, но сакаат уште некое време да го имаат во својот состав, па тек потоа да му дадат прилиак на сениорско ниво. Гоце Седлоски беше и миленик на навивачите, на „Максимир“ ќе играат и на таа карта, -пишува „24часа“ во својот осврт за нашиот стратег кој е еден од кандидатите занов тренер на Динамо Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни