Поврзете се со нас

Свет

Се врати дома по осум години: Барселона се засили со познато име (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Барселона доведе уште едно засилување со кое најверојатно го комплетираше ростерот за престојнава кампања.

Шпанскиот вицешампион успеа да ги добие услугите на Ориол Паули, играч кој е продукт на школата на клубот. Тој до 2014 година официјално беше дел од Барселона по што подолго време настапуваше за Гран Канарија за да оттаму заврши во поранешниот клуб на Војдан Стојановски, Андора.

Токму од тука прави „кам-бек“ во „Палау Блауграна“, тимот со кого потпиша двегодишен договор.

Претходно гигантот ги обезбеди потписите на Јан Весели, Томаш Саторански, Никола Калиниќ, Мајк Тоби и Оскар Да Силва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни