Поврзете се со нас

Италија

Се појави заинтересиран тим за Роналдо, ќе тргне по неговите услуги само под еден услов

Објавено

на

Веќе извесен период фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо се поврзува со заминување од италијанскиот клуб.

Португалецот се почесто е предмет на шпекулации кои претежно го поврзуваат со трансфер во летниот преоден рок.

Според „Тутоспорт“ наводно тимот на ПСЖ е сериозно заинтересиран за ангажман на искусниот офанзивен фудбалер, но трансферот ќе се случи само доколку клубот од Париз остане без услугите на Килијан Мбапе.

Француските медиуми пишуваат дека Мбапе упорно одбива да стави потпис на нов договор со парижаните, а причина за тоа е интересот од Реал Мадрид, клуб за кој Фрацузинот навивал од мали нозе.

Јувентус мора да собере 85 милиони фунти до крајот на сезоната за да ги балансира загубите од ковид годината, па размислува за продажба на седум фудбалери меѓу кои е и Кристијано Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни