Поврзете се со нас

Одбојка

Се исполни желбата на капитенот Ѓоргиев: Одбојкарите и навивачите заедно ја испеаа химната на Македонија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонските одбојкари ја суредија Црна Гора на вечерашниот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ и со тоа направија голем, клучен исчекор кон пласман во осминафиналето на Европското првенство.

Иако математички се уште го немаме заверено местото во Топ 16 фазата јасно е дека многу работи треба да се случат, поклопат за да ние останеме со празни раце, па токму затоа оваа победа беше посебна, драга за нашите репрезентативци и секако публиката.

Капитенот Никола Ѓоргиев имаше посебно барање до навивачите по крајот на мечот, па така сите заедно во еден глас ја испеаа македонската химна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни