Поврзете се со нас

Италија

Сари: Направив глупава грешка со тројната замена

Објавено

на

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, смета дека неговиот тим одиграл одлични 30 минути, а потоа опаднал интензитетот и доминацијата на теренот на дуелот со Милан.

„Бјанконерите“ изборија финале иако не постигнаа гол, а Сари смета дека и долгата пауза земала свој данок врз состојбата на фудбалерите.

– Бев пријатно изненаден и задоволен од првите 30 минути, затоа што игравме брзо со топката и доминиравме, дури и пред црвениот картон.

– Потоа темпото и интензитетот опаднаа, но тоа е дел од ризикот на празен стадион. Добро е што не му дозволивме на противникот да игра свој фудбал, но ќе треба време да го вратиме физичкото и менталното ниво, – изјавил Сари.

Тој признал дека направил грешка со тројната замена, со која во игра влегоа Бернандески, Кедира и Рабио.

– Направив глупава грешка, повлечен од фактот дека имаме право на пет замени. Но, правењето три замени одеднаш беше голем ризик, затоа што ја загубивме доминацијата на средината на теренот. Во иднина ќе треба поинаку да ги распределувам замените, – изјавил искрениот тренер на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни