Поврзете се со нас

Италија

Сари лут на Лотито и Лацио, нема да прифати продолжување на договорот

Објавено

на

Маурицио Сари постигнува солидни резултати во првата сезона на клупата на Лацио, но воопшто не бил задоволен од активностите на италијанскиот клуб во зимскиот преоден рок.

Тренерот на „бјанкочелестите“ очекувал освежување со по еден фудбалер во секоја линија, посебно што во нападот го загуби Ведад Муриќи, кој се пресели во Мајорка.

Но, наместо дефанзивец, играч за врска и напаѓач, Лацио се засили само со Јовине Кабрал, кој во моментов воопшто не бил во посакуваната форма, ситуација која очекувано го разбеснила Сари.

Сега искусниот тренер не ни помислува да го продолжи договорот со Лацио, затоа што нема никаков фидбек од раководството во однос на трансфер приоритетите.

Сари јасно им посочил на Клаудио Лотито и Игли Таре дека неговото останување зависи од вклученоста во преодниот рок, а не од „тежината“ на договорот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни