Поврзете се со нас

Италија

Саки со јасна порака за Алегри: Вака не се гради европски идентитет

Објавено

на

Легендарниот Ариго Саки го анализирал поразот, односно елиминацијата на Јувентус во Лигата на шампионите, уште еднаш потенцирајќи го својот познат став со кој ја критикува филозофијата на италијанските клубови.

На поранешниот тренер на Милан не му се допадна пристапот на Макс Алегри против Вилјареал и тоа јасно го потенцира.

– Многу тактика, малку емоции, никаков ритам и притисок од двете екипи. Јувентус и Вилјареал размислуваа само како да не примат гол, да искористат грешка, со ваков пристап и двете екипи не можат да одат далеку во Лигата на шампионите.

– Италијанските клубови и натаму одат со филозофијата „не пробувај прв и чекај да видиш што ќе се случи“, така не се гради европски идентитет.

– За мене ова не е фудбал, се враќаме чекор наназад. Ако нема иновација, храброст и знаење, не можете да очекувате нешто, а јас не гледам ниту една од овие три работи.

– Влаховиќ и Мората беа супериорни во првиот дел во однос на шпанските дефанзивци, но наместо да продолжат така во второто полувреме, Јувентус се одлучи да не презема ризици, – вели Саки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни