Лига на шампиони
Саки: Интер треба да го искористи единственото оружје против Сити, Халанд се сопира со пушка!

Ариго Саки е легендарен италијански стручњак кој фаворизираше офанзивен фудбал и бараше отворен пристап од своите фудбалери, нешто што навистина е некарактеристично за италијанските екипи на највисоката сцена.
Незаборавниот Ариго беше основоположник на страшниот тим на Милан кој доминираше во Европа, а како човек кој се уште е многу актуелен во јавноста со своите излагања во медиумите, сега привлече внимание со својата најава за големото финале во Лигата на шампионите.
Интер ќе оди на мегдан против Манчестер Сити и ќе треба да одигра перфектен натпревар за да има шанси против разиграниот тим на Пеп Гвардиола, но според Ариго, момците на Инѕаги ќе имаат шанси само ако внесат став во коски кај противникот со успешни контри.
– Во финалиња не постои победничка формација за да го надиграте противникот. Едноставно мора да бидете помотивирани, да имате тимски дух и да ги исцрпите сите индивидуални и колективни квалитети. За Интер, најважно ќе биде да се фокусира на контрите, да се брани добро и да го искористи оружјето за контри. Тоа треба да биде нивно главно оружје, бидејќи само така ќе ги исплаши играчите на Сити, ќе ги натера да излезат од комфор-зоната.
– Како се сопира Халанд? Со пушка……. Шега на страна, во Сити не е само Халанд. Да, тој е главен напаѓач, но Сити игра и со две крила, а се придодава и Де Брујне отпозадина. Интер ќе мора да се брани добро и да биде опасен во транзиција. Според формацијата, јасно е дека страничните дефанзивци ќе бидат задолжени за крилата на Интер, а дури тројца стопери ќе внимаваат на Халанд, – порачува Саки.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 21 час
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава