Поврзете се со нас

Формула 1

Саинц незадоволен од реакцијата на маршалите при огнената драма во Австрија: Не знам што правеа…. (Видео)

Објавено

на

Карлос Саинц имаше голема несреќа на денешната трка за Големата награда на Австрија, бидејќи во моментите кога го притискаше Макс Ферстапен и требаше лесно да заврши втор, имаше дефект во своето Ферари и буквално му се запали моторот.

По којзнае кој пат оваа сезона, Шпанецот немаше воопшто среќа, но работите можеа да излезат од контрола и да станат далеку полоши бидејќи имаше огнена драма.

Саинц имаше потешкотии да излезе од болидот кој почна да оди наназад кога се запали моторот и болидот беше во пламен, па бараше помош од маршалите за да излезе од кокпитот.

На крајот, возачот на Ферари успеа да излезе на сигурно, но по разочарувачкиот епилог во Австрија, не криеше дека е разочаран од реакцијата на маршалите која можеше да му донесе и проблеми.

– Не гледав што се случува зад мене и одеднаш видов оган во болидот. Се обидов да излезам одма, но болидот почна да оди наназад. Тогаш ги викав маршалите за да дојдат да го сопрат болидот и да го изгаснат пожарот. Не знам зошто толку доцнеа и што правеа и на крајот морав да се фрлам од болидот иако беше во движење. Треба да ги разгледаме работите, како да се подобриме во вакви опасни ситуации следниот пат, – изјави Саинц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни