Светски првенства
Сабири го фати Куртоа „на спиење“, Мароко ја нокаутираше Белгија (Видео)

Белгија одигра многу лош натпревар против Канада и успеа да победи со доста среќа во првото коло, но денеска не можеше да се извлече на втор натпревар по ред и го претрпе првиот пораз на мундијалот во Катар.
Мароко изненадувачки добро и парираше на Хрватска на својата премиера во Катар, а потврда за доброто издание беше денешната претстава против „црвените ѓаволи“ кои капитулираа во второто полувреме.
Мароканците предводени од селекторот Реграгуи постигнаа гол пред крајот на првиот дел, но истиот беше поништен поради минимален офсајд и резултатот остана 0:0 на паузата.
На стартот на вториот дел, Мертенс ја имаше најдобрата прилика за Белгијците кои се обидоа да извршат притисок, но голот пристигна на спротивната страна.
Резервистот Сабири го фати Куртоа на „спиење“ и погоди директно од прекин, што е прв гол за Мароко од слободен удар во историјата на Светските првенства.
Водството за Мароканците дојде во најдобар момент (73-та минута), по што Мартинез фрли се на една карта и го стави и недоволно подготвениот Лукаку. Ромелу не направи разлика, но затоа стигна втор гол во мрежата на Куртоа, за кој задолжен беше уште еден резервист, напаѓачот Закарија Абуклал.
Овој епилог прави групата Ф да биде крајно неизвесна, а следен на програмата е натпреварот меѓу Хрватска и Канада.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар