Германија
Румениге: Одбивме понуда да го комплетираме најскапиот трансфер во светот!
Карл Хајнц Румениге веќе неколку месеци не е извршен директор на Баерн Минхен и оваа улога од него ја наследи легендарниот Оливер Кан, но како човек кој со децении ја извршуваше една од најважните работи во клубот, во себе крие многу интересни ситуации и теми кои се секогаш возбудливи за јавноста.
Во последното интервју кое го направи за „Билд“, Румениге направи поделба во два дела на страшната доминација која ја има Баерн во германскиот фудбал во последните 15 години, со тоа што вели дека клучно за клубот било тоа што одбил неверојатни понуди за Френк Рибери во 2008-ма година.
– Има две причини за доминацијата на Баерн во последните декада и половина. Во 2008-ма година имавме многу високи понуди за Рибери, тоа беа понуди од големи клубови од Шпанија и Англија. Без никаков сомнеж, тоа беа понуди кои ќе го направеа Рибери најскап играч во историјата во тоа време. Разговаравме долго дали можеме да одбиеме толку пари, а на крајот решивме да го направиме тоа.
– Не продадовме важен играч од тимот и тоа ни се одрази со добри резултати и освоени титули во наредните години. После тоа, дојде 2012-та година.
– Борусија стана шампион, ни го украде Купот и го загубивме финалето во Лигата на шампионите од Челси на „Алијанц арена“. Тоа беше огромен шок за нас, шок кој не натера да го дадеме најдоброто од себе. Од тој момент, постојано бележиме прогрес од година во година. Во последните неколку години, постојано сме меѓу трите најдобри клуба во светот, – потенцира Румениге.
-
Англијапред 15 часа
Де Брујне го постигна првиот гол со глава, Сити убедлив на „Амекс“ (ВИДЕО)
-
Светпред 19 часа
Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата: Ова е голема чест за мене…(ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Чави детално објасни зошто ја променил одлуката: Не станува збор ниту за его, ниту за пари!
-
Италијапред 22 часа
Картоните направија проблем: Јувентус и Атланта ќе играат без еден клучен играч во финалето на Купот
-
Италијапред 21 час
Бокшиќ со трансфер предлог до „старата дама“: Јувентус треба да го доведе играчот кој е бакнат од Бог
-
Англијапред 17 часа
Слот за можноста да седне на клупата на Ливерпул: Мојата одлука е јасна…
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола за иднината на Кансело: За тоа ќе разговараме…
-
АТПпред 18 часа
Надал загуби само еден гејм и закажа битка со Де Минор во Мадрид (ВИДЕО)