Поврзете се со нас

Германија

Румениге ги откри најслатките трансфери, но и најболната продажба во својата ера во Баерн

Објавено

на

Карл-Хајнц Румениге неодамна се повлече од раководната функција во Баерн Минхен и истата му ја препушти на уште една клупска легенда, поранешниот голман Оливер Кан.

Ерата на Румениге кој беше и најблизок соработник на веќе екс-претседателот Ули Хенес, ќе се памети како една од најуспешните во историјата на Баерн, а тој самиот истакнува на кои трансфери се гордее најмногу.

– Во 2011 година го доведовме Мануел Нојер за 20 милиони евра, а три години подоцна Роберт Левандовски пристигна без да платиме отштета.

– Значи ги добивме најдобриот голман и напаѓач во светот, тоа беше основа за најуспешната деценија во клупската историја, – изјавил Румениге.

Тој жали и за одредени трансфери во однос на продадени фудбалери, но вели дека тоа биле неизбежни ситуации.

– Продажбата на Тони Крос во 2014 година беше болна од спортски аспект, но во тие моменти тие 30 милиони евра беа многу важни од финансиски аспект. Имаше периоди кога и Баерн зависеше од одредени трансфер потези. За жал, нешто слично се случи и со Давид Алаба, кој е одлично момче, но целиот финансиски пакет е над клупските можности, – вели Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни