Свет
Рубио го откри својот следен чекор и ги возбуди кошаркарските фанови во Шпанија (Фото)
Рики Рубио поради психолошки проблеми го откажа настапот на Светското првенство и пред еден месец откри дека става крај на својата НБА кариера, откако главен фокус ставил на своето ментално здравје кое било сериозно нарушено во изминатата година.
Рубио се отвори во интервју за шпанските медиуми и обелодени дека минал низ вистински кошмар поради депресијата во која западнал, но сега полека излегува од тунелот и гледа светлина на крајот од истиот.
Фантатичниот плејмејкер денеска посочи дека направил нов важен чекор во својата рехабилитација и се наоѓа пред последен чекор пред враќање на терените, а во тоа ќе му помогне неговиот сакан клуб.
Рубио замина во НБА лигата од редовите на Барселона, па сега судбината посака токму каталонскиот гигант да му подаде рака во најтешките моменти во кариерата, но и во животот.
– Дојде време да влезам во последната фаза од моето опоравување. Ја прашав Барселона дали можам да тренирам со првиот тим без никакво задолжение или прекинување на нивните планови за сезоната. Сакам да ви се заблагодарам за помошта и разбирањето за мојата ситуација, – порача Рубио.
Како што јавуваат каталонските медиуми, планот на двете страни е да видат како ќе течат подготовките на Рубио во наредните неколку недели, па доколку реши дека е подготвен, може да потпише и договор со Барселона.
— Ricky Rubio (@rickyrubio9) January 29, 2024
-
Шпанија21 час
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија19 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија22 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија18 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија21 час
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија23 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација23 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Англија16 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината