Поврзете се со нас

Италија

Роналдо постигна хет-трик во првиот дел и му обезбеди победа на Јувентус (Видео)

Објавено

на

Хет-трикот на Кристијано Роналдо уште во првото полувреме на дуелот со Калјари значеше и победа на Јувентус (1:3) на денешното гостување на Сардинија.

Португалецот го отвори резултатот со удар со глава во 10. минута, потоа реализираше пенал кој сам го заработи, за во 32. минута да зголеми на 0:3 со убав погодок со левата нога.

Калјари во второто полувреме се обиде да притисне, противникот му дозволи иницијатива, а од неа постигна и гол преку Симеоне во 61. минута.

До крајот немаше промени, Јувентус ја задржа предноста, а во последниот напад Роналдо не реализираше зицер за „покер“ ефект на овој натпревар од Серија А.

Со оваа победа, Јувентус ја задржа негативата од 10 бодови зад Интер, од кого има натпревар помалку, додека Кајлари останува на 22 бодови и во опасната зона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни