Поврзете се со нас

Англија

Роналдо оствари неверојатен рекорд со новиот гол против Вест Хем (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо уште на самиот старт се покажува како огромно засилување за Манчестер Јунајтед, без оглед на тоа што имаше и скептици во врска со возраста на Португалецот.

Кам-бекот во Премиер лигата очигледно позитивно влијае врз португалската гол-машина, која ова попладне го постигна четвртиот гол во третиот настап во враќањето во Јунајтед.

По двата гола на дебито со Њукасл и оној против Јанг Бојс во Лигата на шампионите, Роналдо стрелаше и денеска против Вест Хем за израмнување на 1:1 во Лондон во првото полувреме.

Овој погодок на Роналдо му донесе нов неверојатен рекорд, бидејќи новиот стадион на Вест Хем е 66-от различен стадион на кој постигнува гол во својата блескава фудбалска кариера.

Блиску до него откако се води оваа статистика е само Златан Ибрахимовиќ (64), кој исто така може да се пофали дека играше во топ четири најсилните лиги во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни