Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Романскиот судија поради кој беше прекинат натпревар во ЛШ доби суспензија од УЕФА

Објавено

на

Непримерниот речник на романскиот судија Себастијан Колтеску ќе го чини суспензија до крајот на актуелната сезона, одлучи денеска дисциплинската комисија на УЕФА.

Колтеску беше причина за прекин на натпреварот меѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир од Лигата на шампионите, откако со расистички речник го навреди Пјер Вебо, инаку член на стручниот штаб на турскиот клуб.

Двете екипи подоцна одбија да излезат на теренот и да го продолжат натпреварот од групната фаза на ЛШ, а тој беше доигран дури следниот ден.

Колтеску сепак се спаси од обвинувањето дека расистички го навредил Вебо, иако УЕФА го оцени неговото однесување за непристојно, па заедно со уште еден од судиите ќе мора да посети едукативна програма до јуни.

Прашање е дали Колтеску веќе ќе добие шанса да биде дел од натпревар во европските купови бидејќи и онака беше четврти судија на средбата, а таа заврши со резултат 5:1 во корист на домаќините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни