Поврзете се со нас

Италија

Рома го претстави Матиќ: Не е лесно да се работи со Мурињо

Објавено

на

Рома денеска го претстави Немања Матиќ како засилување за наредните неколку сезони, а српскиот интернационалец ги истакна своите амбиции во новата средина.

Досегашниот член на Манчестер Јунајтед потпиша едногодишен договор со „волчицата“ и ќе го носи дресот со број 21.

– Сите знаат дека Рома е голем клуб и има неверојатен тренер во Жозе Мурињо. Екипата игра во атрактивна лига, има фантастични навивачи и не беше тешко да се донесе оваа одлука.

– Не е лесно да се работи со Мурињо, некогаш знае да биде тешко, но тој е победник и сакав да работам со таков тренер, – изјавил Матиќ.

Србинот дојде во Рим како слободен агент, а со Мурињо соработуваше во Челси и Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни