Поврзете се со нас

Македонија

РК Алкалоид почна да го формира тимот, потврдени се првите засилувања

Објавено

на

Од пред некое време на нашата ракометна сцена постои еден нов клуб, нов амбициозен проект РК Алкалоид кој денеска ги повлече првите конкретни потези и претстави две засилувања.

Имено Алкалоид успеа да ги добие потписите на едни од најперспективните млади ракометни надежи и
репрезентативци Мартин Серафимов и Игор Ѓоргиев. Тој се двајца ракометари кои имаат по 21 година и допра треба да го исполнат потенцијалот и да го дадат најдоброто од себе.

Серафимов ја покрива десната бековка позиција и во новата средина доаѓа од Металург, додека пак Ѓоргиев кој лани го носеше дресот на Голден Арт КЛ7 игра на позициите централен и лев бек.

Новиот македонски ракометен клуб, РК „Алкалоид“, е формиран со цел младите таленти кои имаат
потенцијал и желба за игра правилно да се насочат и да се развиваат, во насока на градење врвни
ракометни играчи со позитивни животни вредности. Дефиниран систем на функционирање,
правилна работа, како и интегритет и кредибилитет во работењето се основните начела за кои се
залага овој клуб.

Со организација на стручната работа РК „Алкалоид“ ќе се стреми да им овозможи на играчите
квалитетен и напреден тренажен процес, со цел нивно натамошно развивање и градење како врвни
ракометари, кои ќе ги вложуваат своето знаење, искуството и позитивните вредности во
македонскиот ракомет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни