Поврзете се со нас

Европски првенства

Ристовски: Вујо користи свој тип на провокации, но сме поминале и поголеми од него!

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација ги прави и последните подготовки пред заминувањето за Хрватска по повод првиот натпревар во групната фаза на Европското првенство во кој ќе ги одмериме силите со Словенија, репрезентација која ни е навистина добро позната и која ќе пристигне во Загреб ослабена за неколку клучни играчи.

Вујовиќ ја прифати фаворитската улога во групната фаза во дуелите со Македонија и Црна Гора потенцирајќи дека Словенија е поквалитетна селекција во овој момент, но сепак откако ги загуби Габер и Доленец, се обиде да ја преформулира изјавата и да го префрли притисокот на спортивната страна. Популарниот Вујо посочи дека се наоѓа во ситуација како Македонија да остане без Кире Лазаров, Столе Стоилов и Филип Миркуловски, но сепак ваквите препознатливи мини провокации во јавноста ги занемаруваат нашите репрезентативци, а особено Борко Ристовски кој денеска даде интересна изјава за „Дерби“.

– Сигурно дека може да падне Словенија, ние имаме квалитет за да играме против секоја репрезентација на ова Европско првенство и сигурно дека Словенија не е исклучок. Треба да одиграме квалитетен натпревар, се работи за доста незгодна репрезентација која секогаш во минатото ни создавала проблеми. Наше е да одиме, да се надигруваме и да го дадеме максимумот, а потоа со Господ напред да го почнеме ова првенство со победа, – истакна Борко кој ги искоментира и очекуваните провокации од Вујо пред важниот дуел.

Нашиот „министер за одбрана“ смета дека селекторот на Словенците бил одличен играч, но дека нашата шанса со нив е токму неговото мало искуство како тренер на големите натпреварувања.

– Вујо е Вујо. Вујовиќ стандардно има свој тип на комуникација со своите играчи и свој тип на провокации кои ги користи и кои веќе ги искористил за противниците. Не го следам баш што прави, но пак ќе кажам дека ние имаме многу повеќе натпревари од Вујо на големите натпреварувања и мислам дека тоа треба да го искористиме. Станува збор за голем играч, но како тренер нема големо искуство на Светските и Европските првенства, поради тоа се надевам дека ова ќе биде еден плус за нас, – заврши голманот на нашата репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни